Пад на БДП во вториот квартал од 1,8 отсто
Бруто домашниот производ во вториот квартал од годината бележи пад од 1,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во овој квартал најголем пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,1 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3,9 отсто, Информации и комуникации од 1 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 1 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2017 година номинално расте за 6 отсо, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,7 отсто.
Во вториот квартал, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,3 отсто.
Ново на Сител
-
Решение за потпорниот ѕид ќе се бара следната недела
-
Следното рочиште за Пендиков закажано за 10 септември
-
Земјите од регионот наместо меѓу себе, повеќе тргуваат со ЕУ, причини има многу
-
Дали Западен Балкан може да ги искористи придобивките од планот за раст на Европската Унија?
-
Поради топлотниот бран лекарите со апел да не се излегува доколку не се мора помеѓу 11.00 и 17.00 часот
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари потврди - Вреди ќе раководи со 5 министерства и две вицепремиерски позиции
-
Гостин во Тема на денот: Димитар Атанасов, аналитичар од Бугарија