Свет
4. December 2016 - 14:21

Падна снег на Хаваите, тропскиот рај окован во лед

Снег прекри делови од американската тропска држава Хаваи, кој во последните денови во некои подрачја достигна околу 90 сантиметри.

Метеролозите веруваат дека не е невообичаено да паѓа снег на Хаваите, но ретко кога толкаво количество паѓа на така мала надморска височина.

 

View image on Twitter

 
Снег најмногу има нанајвисокоте врвови на Хаваи, Мауна Ки и Мауна Ло.

Другите делови од Хаваи ги погодија поплави. Нови снежни врнежи се предвидуваат и денеска.

Foto: Tanjug/AP

Врвовите Мауна Ки и Мауна Ло се високи по околу 4.250 метри и во ова подрачје паѓа пет или шест пати годишно.