Фудбал
1. October 2017 - 9:39

Падна трибина во Лил,20 повредени

Средбата од француското првенство помеѓу екипите на Амиенс и Лил не го дочека својот крај, откако делот од трибината на која беа сместени гостинските навивачи се сруши. Гостинските фанови го славеа водството од 1:0 на неговите миленици, кога дел од трибината пропадна. 
 
Дел од навивачите едноставно ги снема. За среќа, по интервенцијата на службите, било констатирано дека нема мртви, но повредени се 20 симпатизери на Лил, од кои тројца посериозно.