„Пајакот“ кренал 48 возила вчера во Скопје
Пет сообраќајни несреќи со причинета материјална штета се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје.
Според евиденцијата на СВР Скопје, вчера сообраќајната полиција санкционирала тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, тројца се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 17 возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 13 возачи кои не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон. Затекнати се и 36 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 48 возила.
Утре со почеток во 17 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на АББА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ „Аеродром“ и „Мега Лекс“, Република Србија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот се најавува дека сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски