-->
-->
Паје сака да си оди од Вест Хем
-->

Димитри Паје, најдобриот играч на Вест Хем минатата сезона, започнал да му создава проблеми на клубот, во моментот кога тимот ја стабилизира формата.
Паје побарал трансфер, а клубот нема намера да му дозволи да си замине. Францускиот репрезентативец нема да тренира со првиот тим, што значи дека нема да конкурира за место во тимот за натпреварите, но тимот не соопштува до кога Паје ќе биде надвор од титмот.
„Имам проблеми со еден фудбалер. Се работи за Димитри Паје. Тој сака да замине. Ние веќе кажавме дека нема да ги продаваме најдобрите играчи, но Паје повеќе не сака да игра за нас. Сепак нема да го продадеме“, рекол менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ.
Паје, во февруари минатата година го продолжи договорот до 2021 година. Интерес за неговите услуги покажуваат Манчестер Јунајтед, Арсенал и поранешниот клуб Олимпик Марсеј, кој наводно веќе испратил понуда „тешка“ 40 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
