Македонија
27. December 2016 - 15:40

Пакетчиња од општината за дечињата од Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски заедно со Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од градинката „Детелника“, корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост и децата од семејства во социјален ризик, подарувајќи им новогодишни пакетчиња од име на општината.
 
-Секоја година, им делиме пакетчиња од локалната самоуправа на најмладиет од општината, од детската градинка и ги развеселуваме со подароци и посета корисниците од дневниот центар. Секако не ги забораваме децата од најзагрозените семејства или многудетни семејства во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Крива Паланка. Со ова има ја честитаме новата година и им посакуваме остварување на желбите на сите нив, истакна Алексовски.
 
Потенцира дека со ваквиот гест ги потсетуваат сите дека најважното, како што рече, се среќните деца и радоста во нивните очи.
 
-Оваа традиција ќе ја продолжиме, бидејќи насмевките на детските лица се најважни. Тие ни возвраќаат со најискрени емоции, а денес ни возвратија и со новогодишни песнички, додаде Алексовски.
 
Поделени се вкупно 370 пакетчиња, од кои 320 во објектите на општинската јавна установа, детска градинка „Детелинка“, 23 во Дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост, Крива Паланка и 27 за деца од семејства во социјален ризик и повеќедетни семејства од општината.