-->
-->
Пакети со храна и облека од кумановското ОУ „Крсте Мисирков“ за жителите од село М'гленце
-->
Ученици, наставници и родители од кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ денеска донираа педесетина пакети со храна и облека за жителите на планинското село М'гленце во општина Старо Нагоричане.
Донацијата се реализира преку активот на Црвениот Крст кој функционира во рамки на училиштето. Собраната количина на донираните облека и храна бил мотивот пакетите да се донираат на оние кои во моментов имаат потреба од донација.
- Досега три-четири години донирањето беше на ниво на училиштето. Кога видовме дека се појавија доволни количини на облека и храна, решивме да донираме за населението во некое од кумановските села и се одлучивме за М'гленце, изјави Зоран Тасевски, одделенски наставник во ОУ „Крсте Мисирков“.
Активот на Црвениот Крст од ова училиште собира донации два пати годишно, а денеска помошта ќе стигне до неколкуте ученици и мал број жители на М'гленце. ам/цр/15:27
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“
-
ЕУ перспектива?