-->
-->
Пакети за социјално ранливите граѓани и новогодишни пакетчиња за децата во Македонска Каменица
-->
Педесет лица од социјално ранливите категории добија социјални пакети по повод новогодишните и божикните празници. Пакетите се обезбедени со финансиска поддршка од рудникот за олово и цинк „Саса“ и општина Македонска Каменица, а доделени во присуство на градоначалничката Соња Стаменкова и претставници на менаџментот на „Саса“.
Покрај ова, доделени се и новогодишни пакетчиња за децата од предучилишна возраст, како и за учениците од основното и средното образование.
– Среќни сме што и оваа година, „Саса“ како компанија има можност да го даде својот придонес и да им помогне сите кои се дел од оваа заедница да ја почувствуваат топлината на новогодишните празници. Ова е период на дарување, а со доделените социјални пакети, подароци и пакетчиња досега реализиравме само дел од планираните активности со кои, во рамки на нашите можности, ќе ја завршиме годината во празничен дух. Покрај тоа, чест ни е што годинешната новогодишна честитка на САСА е со дизајн на членовите кои се дел од огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Македонска Каменица, изјави генералниот директор на компанијата Олег Телној.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците