Пакистанец ја убил својата ќерка тинејџерка поради видео на ТикТок
– Анвар ул-Хак ја застрелал својата ќерка поради ТикТок, а убиството се случило во вторникот на 28 јануари во градот Квета во југозападен Пакистан, јави денеска Индепендент.
Ул-Хаг првично изјавил дека неговата ќерка била убиена од непознати напаѓачи, но подоцна и признал на полицијата дека тој е убиецот.
– Истрагата откри дека нејзиното семејство имало забелешки за нејзиното облекување, начин на живот и пријателите. Семејството неодамна се врати во конзервативната провинција Балучистан.
Пред тоа, тие живееле во САД 25 години, изјави полицаецот Бабар Балоч.
Таткото и призна на полицијата дека не се согласувал со содржината на нејзините видеа на ТикТок, кои таа почнала да ги снима додека живееле во САД.
Девојчето продолжило да снима содржини за ТикТок и по враќањето во Пакистан, кој има строги закони за социјалните мрежи.
Повеќе од 54 милиони луѓе користат ТикТок во Пакистан, нација со 241 милион луѓе.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови