Пали Колефски реизбран за градоначалник на Пустец

На вчерашните локални избори во Албанија, довербата да биде прв човек на општина Пустец жителите повторно му ја доверија на Пали Колефски, кој и во изминатите четири години беше на чело на општината.
Тој во објава на Фејсбук се заблагодари и порача дека „Преспа ќе продолжи да живее" и оти жителите на општина Пустец го избрале најдоброто.
-Драги мои, прво да ви се заблагодарам на огромната и безрезервна поддршка на овие избори. Продолжуваме со макотрпна работа, продолжуваме да работиме за општина Пустец да стане уште подобро место за живеење. Оваа победа не е само моја, оваа победа е ваша, оваа победа е за сите нас заедно. Уште еднаш ви благодарам од се срце, напиша Колефски на Фејсбук.
Според првичните информации, за Колефски гласале 63,8 отсто, додека за неговиот противкандидат Панди Јани 36, 2 отсто.
Пали Андон Колефски (43) на изборите беше кандидат на Социјалистичката партија, поддржан од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Панди Таќо Јани (31) беше кандидат на Партијата на слободата која ја предводи опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме".
Ново на Сител
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
