Палмер: Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен оти Македонија наскоро ќе стане 30. членка на НАТО.
– Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора, пренесува РСЕ.
Според него, САД се залагаат за стабилен Западен Балкан интегриран во евоталтанските институции, за разлика од Русија која сака регион заснован врз нереди и недоверба.
– Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован врз нереди и на недоверба. Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удар во 2016 година за да се спречи земјата да влезе во НАТО, рече Палмер.
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан смета дека „Русите не завршиле со настојувањата да прават проблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред