Пандев премина од Џенова во Парма
Неколку часа пред завршувањето на јануарскиот преоден рок, рекордерот според бројот на настапи и постигнати голови во македонскиот фудбалски дрес Горан Пандев неочекувано ја смени клупската средина и потпиша за италијанскиот второлигаш Парма.
Пандев (38) потпиша договор со Парма до крајот на сезоната и со тоа стави крај на шестгодишниот престој во редовите на калчолигашот Џенова, кому му претстои тешка битка за опстанок во прволигашкото друштво.
Соиграч на Пандев во Парма ќе му биде легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој ја почетокот на оваа сезона се врати во клубот во кој ја почна кариерата.
Пандев, кој од порано најави дека ја игра последната сезона во својата кариера, ја напушта Серија А со импозантни бројки зад своето име и вкупно 493 одиграни натпревари, од дебито во сезоната 2003/04, со што е трет на вечната листа зад Фабио Канаваро (515) и Самир Хандановиќ (537).
Ново на Сител
-

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководство
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Чупиќ: Треба добро да се подготвиме за тоа што не очекува
-

Кансело потпишува договор со Барселона
-

ФИФА продолжува со казните - олеснета касата на ФС Црна Гора
-

Касаи ќе се натпреварува на 54 години
-

Јокиќ останува уште надвор од теренот
-

„Евровизија 2026“: Израел ќе се натпреварува и покрај бојкотот на противниците
