Македонија
1. April 2019 - 8:22

Панел дебата „Сите тајни зад лажните вести“

Универзитет „Американ Колеџ“ денеска ќе организира панел дискусија на тема „Сите тајни зад лажните вести“. Панел дискусијата ќе се одржи во просториите на универзитетот.

На настанот ќе присуствуваат новинари, уредници и сопственици на медиуми, а ќе се дискутира за феноменот „лажни вести“, причините за нивно појавување и можните начини за справување со овој проблем.