Пановски: Граѓаните по вакцинација не треба да испитуваат антитела

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски за Слободен печат вели дека граѓаните нема потреба да се изложуваат на трошок и да проверуваат антитела после вакцинацијата.
-Граѓаните што немаат антитела после втората доза од Синофарм, ќе бидат заштитени од тие граѓани што имаат антитела. Граѓаните не треба да испитуваат антитела и да не се оптоваруваат со тоа. Целта на вакцината не е индивидуално да се вакцинираме, туку да имаме колективен имунитет. Тие што имаат послаб имунитет да бидат заштитени од другите. Значи не треба да се испитуваат антитела. Тие дваесет проценти што немаат антитела, ќе бидат заштитени од осумдесетте проценти кои имаат антитела а можеби и се веќе заштитени. Не знаеме за тоа, зашто антителата се само еден знак. Можеби имаат клеточен имунитет, изјави професор доктор Никола Пановски.
Ново на Сител
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
-

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“
-

По повод 80-тиот роденден на Трамп: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа
-

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
-

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации
