Пановски: Со оглед на високиот број на хоспитализации се очекуваше драстичниот раст на бројот на смртни случаи
Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија епидемиологот д-р Никола Пановски, смета дека според бројот на хоспитализирани, а секако не се хоспитализираат луѓе без потреба во вакви пикови, можеше да се очекува драстичниот раст на број на починати од коронавирусот
„Никогаш не е кажан, меѓутоа се слушна процентот на починати на на, можеби најдобрата заедно со, инфективната и „8 септември“, ковид центар на интерните клиники од координаторот професор Докиќ дека е 25, меѓутоа од разни статистики од други луѓе што анализираат, процентот на смртност е околу 30 проценти. И, не е тешко да се прерачуна ако имате 1700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500 рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тоа е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше наесен и бројот на смртни случаи го прати бројот на ново откриените случаи на на хоспитализираните пациенти“, истакна Пановски.
Пановски очекува бројот на смртни случаи да го достигне пикот околу 20 април кога се очекува дневно да имаме и по над 60 лица кои ќе ја загубат битката со вирусот.
„За жал, бројот на смртни случаи две недели доцни во однос на бројот на новооткриени случаи. Ако пред некој ден имавме некој пик од 1500 или сме на тоа ниво или пак деновиве ќе го достигнеме, би требало да сметаме дека пикот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна. Односно, ако просекот од последниве денови е 40, за жал се очекува да оди и над 60 кога ќе биде пикот. Да реќеме ако денска е трети, пикот на смртни случаи би бил околу 20 април, при што може да се очекува потоа бројот на смртни случаи да паѓа, прво бројот на ново заразени потоа и на смртни случаи“ истакна Пановски
Тој додаде дека првите две недели бројот на смртни случаи не го следеше бројот на ново заразени, при што бројот на смртни слиуча се држеше на 20 дневно, кој вели дека, како што кажуваат епидемиолозите и од другите градови или сме во пикот или пак сме блиско до пикот. Но, за жал, додаде Пановски, не се ублажи овој пик
Ново на Сител
-
Пронајден и одземен хероин - Кривична и притвор за велешанец
-
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод Божиќ
-
Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите
-
Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество
-
Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани