Свет
12. December 2016 - 22:49

Паоло Џентилони го претстави својот нов кабинет

Новиот премиер на Италија Паоло Џентилони денеска го претстави својот избор за нов состав на владата, пред официјалната церемонија за инаугурација.

Имињата кои се соопштени, во голема мера се истите од претходниот состав, а се со цел да се обезбеди политичка стабилност во третата по големина економија во еврозоната.

На 62-годишниот Џентилони вчера му беше доделен мандатот да формира нова централно-левичарска влада, која ќе управува со Италија до февруари 2018 година.

Сепак, мала десно-центристичка партија, која го поддржуваше досегашниот премиер Матео Ренци, соопшти дека можеби нема да го поддржи составот на новата влада, со што се јавија сомнежи за тоа дали Џентолини ќе може да формира мнозинство во парламентот.