Папа Франциско: Ме загрижуваат „опасните сојузи“ на самитот на Г-20
Папата Франциско изјави денеска дека самитот на Г-20, кој се одржува во Хамбург, го „загрижува“ поради потенцијалните „многу опасни сојузи“ меѓу светските лидери, кои можат да имаат штетни последици за мигрантите.
- Загрижен сум поради многу опасните сојузи меѓу силите кои имаат лоша верзија за светот: САД и Русија, Кина и Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот лидер Башар ал Асад поради војната во Сирија, истакна папата во интервју за италијанскиот весник „Република“.
Тој нагласи дека миграцијата е голем проблем денес, а самитот на Г-20 го загрижува бидејќи најмногу ги погодува мигрантите.
- Опасноста се однесува на миграцијата. Наш главен и за жал се поголем проблем во светот денес се сиромашните, слабите и игнорираните, меѓу кои се и мигрантите. Затоа ме загрижува Г-20. Најмногу ги погодува мигрантите, додаде папата Франциско, укажувајќи на земјите кои „се плашат од мигрантска инвазија“.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни