Папас: Сакаме да го убедиме Каменос за корисноста на Договорот од Преспа

Претендираме да ги убедиме и Панос Каменос и неговите пратеници за корисноста на Договорт од Преспа и верувам деке ќе го постигнеме тоа, а грчкиот Парламент ќе го ратификува овој договор, вели министерот за дигитална политика на Грција, Никос Папас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“.
Коментирајќи ги ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, Папас вели дека во изминатите години „соработката со Каменос се покажала пофункционална од тоа што многумина мислеле“ и изразува увереност дека Договорот од Преспа ќе добие мнозинство во грчкиот Парламент.
- Прво, сметам дека во овој момент постои мнозинство во грчкиот Парламент за Договорот и второ дека можат да се создадат предуслови и Панос Каменос да се убеди и непрекинато да продолжи текот (на владата) кон закрепнување на земјата. Овие предуслови се политичка и владина стабилност до крајот на нашиот предвиден мандат, нешто што мислам дека ќе се постигне и мислам дека можеме и Панос Каменос да го убедиме. Како што ќе течат работите, затоа што имаме еден референдум пред нас, нашите соседи ќе покажат дали нвистина го мислат она што е напишано во Договорот од Преспа, рече Папас и објасни дека со прифаќањето на Договорот од Преспа на референдумот ќе „се даде можност и во Грција да се намали степенот на недоверба“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Папас, рече дека „не може да замисли партијата Река да влезе во предизборни пазарења со Нова демократија и да ја промени позицијата во однос на македонското прашање“.
- Мислам дека Река и Ставрос Теодоракис ќе останат на позицијата дека овој Договор треба да се ратификува, рече грчкиот министер за дигитална политика во интервјуто за грчкото радио, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
