Папас за МИА: По Договорот од Преспа започнува нова ера

За можностите за соработка меѓу Македонија и Грција, по потпишувањето на договорот, во областите во негова надлежност, говори министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас во разговор со дописничката на МИА од Атина.
Тој вели дека постојат идеи кои во иднина ќе се реализираат и потенцира дека сега, започнува нова ера за двете земји.
Господине Папас, колку е важен Договорот од Преспа и за двете земји и за двата народа?
- Договорот од Преспа е многу важен и позитивен и за Грција и за поранешната југословенска Република Македонија и мислам дека и на патот кон финализирањето на договорот, но и веднаш потоа ќе можеме да спроведеме во пракса многу добри и позитивни идеи за соработка на двете земји на ниво на нови технологии. Поврзувањето и дигиталната политика се областите на активности кои можат да ги одведат двете земји заедно кон следниот чекор кон иднината. Постојат огромни можности за заеднички развој и двете страни сме решени да ги искористиме.
Постојат некои конкретни проекти на кои ќе работите или е се уште рано да говориме за нешто такво?
- Мислам дека е рано да разговараме за конкретни работи. Во овој момент ние ја забрзуваме дигиталната политика и сме повеќе од среќни да ги споделиме со нашите соседи, со поранешната југословенска Република Македонија, идеи и активности за такви проекти.
Претпоставувам дека прашањето за името беше пречка сите овие години за поблиска соработка меѓу двете земји...
- За жал беше пречка, лошо и за Грција, лошо и за поранешната југословенска Република Македонија. Но, започнува една нова ера.
Сања Ристовска/МИА
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
