Папата Франциск пристигна во Трансилванија, собрани околу 80.000 луѓе
Папата Франциск, кој е во посета на Романија, денеска пристигна во Мијеркуреја Чук, Трансилванија, каде се сретна со претставници на католичките заедници и го посети најголемото унгарско светилиште Сумулеу Чук.
Како што пренесуваат романските медиуми, десетици илјади католички верници, на дождливо време, го дочекаа Папата, а агенцијата Агерпрес наведува дека се собрале околу 80.000 луѓе.
Папата Франциск ќе одржи миса во манастирот Св. Марија, а меѓу присутните е и романската премиерка Виорика Данчила и неколку министри, како и унгарскиот претседател Јанош Адер, кој со сопругата е во приватна посета на Романија.
Поради лошите временските услови, бура со дожд и грмотевици, Папата мораше да го смени планот за патување, така што наместо со хеликоптер пристигна со автомобил преку планината Карпати, со тричасовно возење.
Оттаму исто така со автомобил ќе отпатува за Таргу Муреш, од каде со авион за Јаши, во Молдавија, пред враќањето во Букурешт.
Ново на Сител
-
Магла на неколку патни правци низ државата
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата