Папата Франциск пристигна во Трансилванија, собрани околу 80.000 луѓе
Папата Франциск, кој е во посета на Романија, денеска пристигна во Мијеркуреја Чук, Трансилванија, каде се сретна со претставници на католичките заедници и го посети најголемото унгарско светилиште Сумулеу Чук.
Како што пренесуваат романските медиуми, десетици илјади католички верници, на дождливо време, го дочекаа Папата, а агенцијата Агерпрес наведува дека се собрале околу 80.000 луѓе.
Папата Франциск ќе одржи миса во манастирот Св. Марија, а меѓу присутните е и романската премиерка Виорика Данчила и неколку министри, како и унгарскиот претседател Јанош Адер, кој со сопругата е во приватна посета на Романија.
Поради лошите временските услови, бура со дожд и грмотевици, Папата мораше да го смени планот за патување, така што наместо со хеликоптер пристигна со автомобил преку планината Карпати, со тричасовно возење.
Оттаму исто така со автомобил ќе отпатува за Таргу Муреш, од каде со авион за Јаши, во Молдавија, пред враќањето во Букурешт.
Ново на Сител
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип
-
Сочувство од министерот за правда Игор Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова
-
Апелациониот суд пресуди дека забраната за продажба на оружје во САД на лица помлади од 21 година е неуставна
-
Починатата кавадарчанка пронајдена од нејзината ќерка ја убил партнерот со гушење
-
„Почивај во мир, најдобриот студент што сме го имале“, професорот Цури се прости од Фросина