Папата Франциско: Франција мора да стане повеќе секуларна држава
Папата Франциско на средба со група католици привразници на француската левица, изјави дека Франција мора да стане „повеќе секуларна држава“, објави денеска неделникот „Ла Ви“.
- Вашиот секуларизмот е некомплетен. Франција мора да стане повеќе секуларна земја, бидејќи нејзиниот секуларизам понекогаш резултира премногу од филозофијата на просветителите, за кои религиите беа субкултура. И Франција не успеа да го надмине ова наследство, изјавил папата
Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквата изјава папата за врема на средбата со делегација на Розевите риби, христијанско политичко движење поврзано со француската владејачка Социјалистичката партија (ПС).
- Концептот на секуларизмот воведен во француската демократија е здрав, оцени папата, додавајќи дека во денешно време државата мора да биде секуларна.
Но, според него, „здравиот секуларизм подразбира отвореност за сите форми на трансценденцијата во согласност со различните верски и филозофски традиции“. - Потрагата по трансцеденција не е само факт, туку право, нагалси папата Францско, осудувајќи го „отровот на идеологиите“.
- Ние имаме право да бидеме лево или десно. Но, идеологијата ја одзема слободата, порача понтифот.
Тој, исто така, изрази загриженост дека Европа „слабее и ризикува да стане празно место заборавајќи ја својата историја“.
- Единствениот континент кој може да донесе извесно единството на светот е Европа. Кина е можеби подревна култура, подлабока, но само во Европа има вокација на универзалност и услуги, рече тој.
Осврнувајќи се на имиграција, Франциско нагласи дека „денес може да се зборува за арапска инвазија“. - Но, со колку инвазии се соочи Европа! И таа секогаш успеа да ги надмине и да оди нанапред за потоа да стане уште поголема поради размената меѓу културите, додаде папата.
Франциско, чија посета на Франција е најавена уште минатата година, но се уште не е закажана, призна дека не ја знае француската реалност.
- Само три пати сум бил во Франција. Не ја знам вашата земја. Би рекол дека таа има извесна моќ на заведување. Во секој случај, Франција има многу силна хуманистичка определба, заклучи папата.
Ново на Сител
-
Полиција се уште трага по учесниците во вооружениот инцидент во Брисел
-
Научниците предупредуваат: Северниот Пол се загрева со рекордна брзина
-
Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог
-
Кривична пријава против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата
-
Се води предистражна постапка за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи
-
Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова
-
Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар