Папата Франциско ги повика младите во Полска да ги прифатат бегалците

Папата Франциско ги повика во Краков младите да ги прифатат мигрантите и бегалците, со што директно ќе и се спротивстават на полската Влада која е против тоа.
- Милосрдното срце може да биде засолниште за оние кои немаат дом или го загубиле. Тоа може да им изгради дом и семејство на оние кои биле принудени да мигрираат. Милосрдното срце знае што е нежност и сочувствување. Тоа се отвпра за да прифати бегалци и мигранти, изјави папата пред повеќе од 600.000 млади луѓе за време на меѓународниот собир Светски ден на младите, кој трае шест дена и е наречен „католички Вудсток“.
Полската владејачка конзервативна партија Право и правда не се согласува со поглаварот на Римокатоличката црква во врска со приемто на мигранти и е против задолжителните европски квоти за прифаќање на бегалци.
Некои конзервативни високи свештеници на полската Црква, исто така, имаат дилеми кон мигрантите, посебно кон оние од исламските земји, стравувајќи дека тие би можеле да го загрозат полскиот христијански идентитет.
Ново на Сител
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
-

Земјоделците во Прилепско ги пријавуваат штетите од невремето, најголеми на тутунот и пиперката
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
-

Русија и Украина ги интензивираат меѓусебните напади
-

ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци - предел што бил зафатен од пожар
-

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, унапредување на соработката во туризмот
-

ЦУК: Пет пожари активни, еден под контрола
