Папата Франциско повика на дијалог и умереност по насилствата во Ерусалим
Папата Франциско изјави дека е загрижен од новите акти на насилство во Ерусалим и повика на дијалог и умереност за во него да се врати мирот, пренесоа британските медиуми.
-Со треперење ги следам големите тензии и насилство во Ерусалим во текот на последните денови. Чувствувам потреба да упатам искрен повик за умереност и дијалог, изјави папата пред верниците кои беа собрани на плоштадот „Свети Петар“.
Папата повика на молитви со надеж дека сите земји ќе дадат предлози за „мир и помирување“.
Тројца Израелци во петокот беа убиени со ладно оружје во еврејска населба на окупираниот Западен брег, неколку часа откако тројца Палестинци загинаа во насилството предизвикано од одлуката на Израел да инсталира детектори за метал на влезовите кон Ридот на храмот. Палестинците се гневни заради камерите и детекторите за метал, инсталирани на контролните пунктови на влезовите кон Ридот на храмот (Благородното светилиште) во Стариот град на Ерусалим - место кое е свето и за муслиманите и за Евреите.
Мерката за безбедност беше воведена откако минатата недела вооружени Палестинци убија двајца израелски полицајци, пред да бидат ликвидирани, потсетуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР