Папата Франциско во „Урби ет орби“ повика на мир во светот
Поглаварот на Католичката црква. папата Франциско денеска упати повик за мир во светот во својата традиционална божиќна порака „Урби ет орби“ (До Градот и светот).
- Ветровите на војната дуваат во нашиот свет и еден надминат модел на развој продолжува да предизвикува човечко, општествено и еколошко назадување, посочи папата во обраќањето од главнот балкон на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.
Понтифот нагласи дека „може да го види Исус во лицата на децата“, кои живеат на местата погодени со војна и кои се дел од семјества на бегалци и невработени.
- Да се помолиме на Господ да има мир во Ерусалим и секаде во Светата земја, повика папата Франциско и изрази надеж за обнова на дијалогот, што ќе доведе до мирно заедничко постоење на двете земи - израелска и палестинска.
Тој истакна дека децата на Блискиот Исток продолжуваат да страдаат поради растечката тензија меѓу Израел и Палестинците, дека Сирија останува „обележана“ од војна и дека конфликт во Јемен „во голема мера паднал во заборав“.
Папата, исто така, ја споемна и Украина, каде, според него, конфликтот треба да завриши.
Ново на Сител
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност