Папата ги изми нозете на неколкумина мигранти
Папата Францис ги изми и ги бакна нозете на муслимански, индустички, православни и католички бегалци во знак на братство и посакување на добродојде.
Неколкумина од мигрантите се расплакаа, додека папата коленичеше пред нив за време на литургијата за католички велики четврток во центарот за бегалци во Кастелнуово ди Порто во близина на Рим.
Папата Францис во проповедта изјави дека „ние имаме различни култури и религии, но сме браќа и сакаме да живееме во мир“.
Папата ги осуди и нападите во Брисел и ги оцени како воен акт извршен од крвожедни луѓе, поврзани со трговците со оружје.
Меѓу имигрантите имаше осум мажи и четири жени, меѓу кои и Италијанка од центарот за мигранти. Другите три жени се коптски христијански од Еритреја. Меѓу мажите беа четворица нигериски католици, тројца муслимани од Мали, Сирија и Пакистан и индус од Индија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам