Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
Понеделник, 7 октомври, ќе биде христијански ден на пост и молитва за мир на годишнината од нападот на палестинската група Хамас врз Израел, рече папата Франциск на неговата денешна генерална аудиенција.
Тој додаде дека претходно во недела ќе ја каже молитвата „Света Бројаница“ на Богородица.
„Со цел да ја повикам Богородица да даде мир, следната недела ќе одам во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе ја кажам молитвата Света Бројаница и ќе упатам срдечна молба до Светата Дева.
Ако е можно, ве молам и вас, членовите на Синодот, да ми се придружите во оваа прилика“, рече 87-годишниот папа.
„А, следниот ден, 7 октомври, ве молам сите да поминат низ ден на пост и молитва за мир во светот“, рече тој на крајот од својата денешна проповед, која ја одржа на плоштадот Свети Петар.
Ново на Сител
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти