Папата ми рече дека Бог ме прифаќа таков каков што сум, тврди хомосексуалец

Чилеанецот, Хуан Карлос Круз, кој бил сексуално злоупотребен од страна на католички свештеник, изјавил за Си-ен-ен дека папата Франциско во приватен разговор му рекол дека Бог го создал како хомосексуалец и дека неговата сексуална ориентација воопшто не е важна.
„Знаеш, Хуан Карлос, тоа воопшто не е важно. Бог те создал таков и Бог те сака таков каков што си. Папата те прифаќа таков каков што си и ти не треба да се грижиш за тоа што другите ќе речат“, изјавил Круз за Си-ен-ен, прераскажувајќи го разговорот од средбата што ја остварил со папата во април годинава.
Папата со ваквата лична изјава значајно отстапил од учењата на Римокатоличката црква, која ја смета хомосексуалноста за објективно пореметување и спротивна на Божјите закони, информира американската телевизија.
Портпаролот на Ватикан, Грег Бурк, во понеделникот за Си-ен-ен изјавил дека не ги коментира приватните разговори на папата.
Свештеникот кој го злоупотребил Круз во младоста, Фернандо Карадима, Ватикан го прогласи за виновен за злоупотреба во 2011 година.
Минатиот петок сите бискупи во Чиле му понудија оставка на папата Франциско по тридневниот вонреден самит на кој се разговараше за скандалот со сексуалната злоупотреба во таа земја.
Ново на Сител
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
