Папата во велигденската порака апелираше за мир во светот
- Папата Франциско во денешната велигденска порака побара да се стави крај на „масакрот“ во Сирија.
- Светлото на Велигден нека ја просветли совеста на сите политички и воени лидери, за да се стави крај на крвопролевањето и убивањето на луѓе, да се достави помош на загрозените, а бегалците да се вратат во своите домови, изјави папата од терасата на базиликата Свети Петар пред повеќе илјади верници.
Тој исто така апелираше за мир во Светата земја, за помош за протераните во Сирија и се заложи за дијалог и за помош на жртвите од трговија со луѓе и со наркотици. Папата изрази надеж дека ќе бидат надминати поделбите во Јемен и во целиот Блиски Исток.
Папата во својот говор се осврна и на Азија, истакнувајќи оти се надева дека дијалогот ќе донесе мир на Корејскиот Полуостров, барајќи од тие што се директно одговорни да дејствуваат разумно во корист на корејскиот народ.
По повод на Украина, папата Франциско апелираше за поголеми напори во донесувањето на хармонија помеѓу поделената нација.
Папата Франциско исто така повика на мир и во Јужен Судан и во Демократска Република Конго.
Велигденскара миса се одржа под засилени безбедносни мерки во целиот Рим поради ставор од евентуални терористички напади
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка