Македонија
19. January 2018 - 12:34

Пари, икони и свеќи украдени од црква во тетовско

Вчера било пријавено дека на 17/18.01.2018 година во с.Фалише-тетовско, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во црквата „Свети Атанасије“, при што биле одземени 1.800 денари две икони и околу еден килограм свеќи.

Имено сторителот со цигла скршил еден од прозорците на црквата, влегол внатре и откако ги одзел предметите го напуштил местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.