Свет
15. јуни 2017 - 15:51

Париз: Неидентификуван маж ја навредил и удрил републиканска кандидатка за пратеник

На париски пазар утрово неидентификуван маж ја навредувал, а потоа и ја удрил по лицето кандидатката за пратеник на конзервативната Републиканска партија, Натали Кошчушко-Моризе.

По нападот жената била во безсознание неколу минути. 

Француските медиуми јавија дека градоначалникот на Париз Ан Идалго „најстрого ја осудил агресијата“ врз кандидатката од вториот круг на парламентарните избори што ќе се одржат во недела во Франција.