Парк Геун-хе е осудена на 24 години затвор

Поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хе е осудена на 24 години затвор поради злоупотреба на власт, корупција, принуда, примање поткуп и оддавање државни тајни.
Против Парк беа покренати вкупно 18 обвиненија, а обвинета е за 16 од нив.
Претходно јужнокорејски судија соопшти дека поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хе е виновна за злоупотреба на службена положба и принуда.
Случајот против Парк се одвива во централниот окружен суд во Сеул, а обвинителите побараа казна од 30 години затвор.
Парк Геун-хе беше уапсена во март 2017 година и од тогаш се наоѓа во притвор во близина на Сеул. Таа беше отстранета од власт на почетокот од минатата година, по неколкумесечни масовни протести против неа, во кои учествуваа милиони луѓе.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
