„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
Во врска со прашањето дали ЈП Паркови и зеленило има склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата Ве информираме дека таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка.
Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено. Во прилог јавно достапен документ за кој треба да го одржува дворот на Владата и тоа за 330 илјади евра.
Одделение за односи со јавност на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот