Парламентарни избори во Германија
– Германците денеска избираат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот, додека предизборните анкети покажуваат дека опозициските демохристијани и екстремната десница, исто така опозициска Алтернатива за Германија (АфД) имаат најголема поддршка, но ниту една партија нема да има доволно пратеници за сама да формира влада.
За функцијата нов лидер на Германија се борат четворица кандидати: актуелниот канцелар Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), Фридрих Мерц, кандидатот на главната конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот вицеканцелар Роберт Хабек од еколошката Зелена партија и Алис Вајдел од крајната десничарска, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД).
Избирачките места ќе бидат отворени од 8 до 18 часот, а Германците можат да гласаат и по пошта.
Излезните анкети ќе бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места, а пребројувањето на гласовите ќе почне веднаш.
Целокупната слика за резултатите ќе биде позната многу брзо, додека конечниот официјален резултат се очекува рано утре.
Право на глас во самата Германија имаат 59,2 милиони гласачи, како и повеќе од три милиони германски државјани во странство, за кои овогодишното гласање ќе биде попроблематично од вообичаеното поради кратките рокови.
На гласачкото ливче има 29 партии, но се очекува меѓу пет и осум од нив да успеат да го поминат изборниот праг од пет проценти. Изборите се карактеризираат со изразени демографски промени.
На изборите во 2021 година, право на глас само во Германија имаа 61,2 милиони луѓе.
Во сегашното гласачко тело повеќе од 40 отсто од граѓаните се на возраст над шеесет години, а една четвртина се над 70 години. Помладите од 30 години сочинуваат само 13,3 отсто од гласачкото тело.
Вкупно 2,3 милиони млади луѓе можат да гласаат за прв пат или околу четири проценти.
Изборите во Германија се одржуваат седум месеци порано од планираното, бидејќи трипартиската коалиција на Шолц се распадна во ноември поради несогласувањата околу начините за заживување на економијата, која веќе две години е во пад.
Ново на Сител
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час