Парламентарни избори во Ирска
Во Ирска денеска се одржуваат парламентарни избори на кои жителите на оваа островска земја членка на ЕУ треба да одлучат кој ќе управува со државата во следните пет години.
Социолозите предвидуваат дека е можно да биде избран Парламент во кој ниту една партија или коалиција нема да има јасно изразено мнозинство.
Ирскиот премиер Енда Кени ги повика гласачите да ја поддржат неговата коалициска Влада, со образложение дека таа заслужува уште еден мандат поради подобрувањето на положбата на пазарот на трудот и поради тоа што земјата има најголем економски раст во ЕУ.
Сите анкети покажуваат дека центристичката Ирска обединената партија (Фина Гејл) на Кени ќе освои најмногу пратеници, но нејзиниот коалициски партнер, Лабуристичката партија, би можела да дожевее тежок пораз.
Според аналитичарите, исходот од денешните избори може да ја примора Фина Гејл на предизвикот да коалицира од нејзиниот традиционален ривали, конзервативната Републиканска партија (Фина Фајл), која се очекува да заврши на второ место.
Пред изборите и двете партии ја исклучија можноста за коалиција.
Главните критики на опозициските партии на сметка на Владата се однесуваа на болната, иако успешна, политика за штедење.
Во новиот ирски Парламент ќе бидат избрани 158 пратеници.
Резултатите од изборите се очекува да бидат објавени вечерва околу полноќ.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН