-->
-->
Парламентот на Јужна Кореја му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол
-->
Членовите на Националното собрание на Јужна Кореја гласаа за смена на претседателот Јун Сук-јеол поради неговиот обид да наметне воена власт, пишува Гардијан.
Националното собрание го усвои предлогот откако 204 пратеници гласаа „за“ и 85 „против“.
Според медиумите, претседателските овластувања и должности на Јун Сук Јеол ќе бидат суспендирани откако копии од документот за неговото разрешување ќе бидат доставени до Уставниот суд.
Судот има до 180 дена да одлучи дали да го смени Јеол од претседателската функција или да му ги врати овластувањата.
Доколку биде сменет, националните избори за негов наследник мора да се одржат во рок од 60 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење