Парондо: Играме добро и победите доаѓаат
Вардар ја задржа лидерската позиција во групата А во Лигата на шампионите, откако во четвртото коло на домашен терен го совлада и Рајн Некар со 29:27.
- Одигравме тежок натпревар. Навистина е многу тешко да се игра и да се победи против извонреден тим како што е Рајн Некар во кој играат неверојатни ракометари. Во првиот дел имавме проблеми. Не реализиравме неколку ситуации, но одигравме поквалитетно во вториот дел од средбата. Сепак, најважна е победата на крајот. Тоа е она што го правиме, играме добро и победите доаѓаат, истакна тренерот на Вардар, Роберто Парондо.
Тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен, чиј тим од гостувањето во Скопје повторно заминува без бодови, се пожали на третманот на судиите.
- Им честитам на Роберто и на Вардар за победата. Имавме проблеми во второто полувреме. Разочаран сум бидејќи не победивме. Решавачки момент беше почетокот на вториот дел кога имавме проблеми во играта. Судиите не ни дадоа доволно можности да имаме фер шанса за победата. Тоа е што е и одиме понатаму, наведе Јакобсен.
Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ, изјави дека е важно да се биде голем спортист и кога се победува, но и кога се губи.
- Им се заблагодарувам на Рајн Некар за коректната игра и особено на тренерот кој ми е еден од омилените. Сепак, една работа не можам да ја сфатам. Втор меч по ред се зборува за судиите и за Вардар. Едноставно нема причина за тоа. Веќе 15 години сум во Лигата на шампионите и сум одиграл многу вакви средби и можам да кажам дека мора да се биде голем спортист до крајот. Рајн Некар игра без притисок и има квалитет и затоа игра така силно на секоја средба. Сепак, денеска ние бевме нешто подобри, нагласи Чупиќ.
Вардар во следното коло гостува кај Кјелце.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево