Македонија
1. May 2022 - 16:42

Партиите сo различна оценка за состојбата со работничките права

Македонските работици оваа година се понижени како никогаш до сега. Нивниот труд не се вреднува, трпат секојдневни притисоци и добиваат откази во време кога трошоците за живот вртоглаво растат. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во својата првомајска честитка до работниците вели дека итно е потребен излез од оваа ситуација најавувајќи подобри времиња и подаобар стандард тогаш кога неговата партија ќе дојде на власт

Владата знаејќи 5 месеци за кризата, воопшто не помисли да ги заштити македонските работници и свесно дозволи да се продлабочи кризата. Така заради несериозноста, криминалот и неспособноста на власта, македонскте работници со своите ниски плати сега плаќаат поскапи бензини за повеќе од 80% и поскапа електрична енергија за 30%.  Килограм шеќер за граѓаните е поскап 36%,  килограм брашно поскапо 83%, додека литар масло за јадење е поскапо за  107%, а литар млеко е 47% поскап – пишува Мицкоски во својата честитка.

Во СДСМ пак велат дека посветено се грижат за правата на работниците. Според нив, платите растат а невработеноста се намалува.

Во опозициската Левица констатираат дека денеска многу тешко се живее. Од партијата велат не може боагтите и сиромашните да се оданочуваат со иста даночна стапка. Најавуваат борба за како што велат, класна еднаквост

Според последните податоци на Дражвниот завод за статистика, просечната нето плата исплатена во Февруари изнесува 29.839 денари додека стапката на невработеност е 15,7%. Според синдикатите, за едно просечно 4 члено семејство за да го преживее месецот потребни се 36.146 денари.