Партиите со различни ставови за исходот од денешната средба
По завршувањето на денешната средба на политичките партии потписници на договорот од Пржино, претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ изјавија дека е постигнат благ напредок, но според СДСМ нема прогрес во преговарачкиот процес. На средбата присуствувале и амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав.
Се разговарало за прочистување на Избирачкиот список и за реформите во медиумите.
- Во однос на денешната средба, сметам дека има благо добилжување на ставовите, рече Никола Тодоров, претставник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој, е сосема непотребно 170.000 гласачи да се обележат со ѕвездичка како знак дека се од дијаспората, како и тие повеќе од 30.000 што ДИК ги најде за спорни да се избршат ако сами не се пријават на јавниот увид. Сепак во ВМРО-ДПМНЕ одлучиле да го прифатат барањето на СДСМ за да докажат дека неговата партија изборите ги добива со проектите и со довербата од граѓаните, а не со манипулации во Избирачкиот список.
- Околу медиумите, нашата партија има став дека ниту еден медиум и новинар не треба да биде казнет за напишан текст или прилог. Формирање на некое централно цензорско тело што ќе одлучува дали некој прилог е во ред е сосема непотребно. Не сакаме медиумите да бидат доведени во ситуација да се казнуваат и да пишуваат по порачки, рече Тодоров, кој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ бара сериозно намалување на казните.
ВМРО-ДПМНЕ, според него, нема да дозволи парламентарните избори по третпат да бидат одложени, а партијата, како што кажа е секогаш подготвена за компромис.
- Треба да се осигураме дека сите услови за избори се исполнети и сите тоа јавно да го кажат, па потоа ќе договараме датум за избори, рече Тодоров.
Артан Груби од ДУИ е оптимист и се надева дека со конструктивен пристап наскоро ќе има договор. Во изјавата по средбата тој уште рече дека во врска со Избирачкиот список за неговата партија е битно да не се бришат гласачите со право на глас само за да се добијат политички поени.
– Гледам доближување на ставовите и предлозите се речиси достапни за сите. Се надевам дека со конструктивен пристап и со мали отстапки од партиите, конечно ќе постигнеме договор, рече Груби.
Претставниците на СДСМ и на ДПА, Рената Дескоска и Имер Алиу, како и двајцата амбасадори, Аиво Орав и Џес Бејли, не дадоа изјави за медиумите.
СДСМ објави соопштение во кое е наведено дека на денешната рунда преговори не е постигнат напредок.
- Владејачката коалиција не дозволува прочистување на Избирачкиот список и вистински реформи во медиумите. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во континуитет бегаат од фер и демократски избори, се наведува во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа
-
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода
-
Муртезани во Киев: Северна Македонија поддржува решенија за мир и стабилност преку заеднички напори со стратешките партнери
-
Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
-
Наредните денови облачно, од вторник локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар