Партијата на Меркел победи на регионалните избори во Сар
Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) победи вчера на регионалните избори во Сар, покажуваат прелиминарните резултати.
Во Сар, една од најмалите германски сојузни покраини, одржани се избори за локалниот Парламент, на кои според прелиминарните резултати, ЦДУ освои 40,7 отсто од гласовите на избирачите, додека противничката Социјалдемкратска партија на Германија, на левиот центар на чело со нејзиниот новоизбран претседател Мартин Шулц, освои 29,6 отсто од гласовите.
Во локалниот Парламент на втората по ред најмала покраина влезе и партијата Левица со 12,9 отсто, што значи дек загубила три проценти од поддршката.
Алтернативата за Германија (АФД) со 6,2 отсто од гласовите го мина изборниот праг и таа ќе влезе во Парламентот.
Изборите во Сар покажаа и тренд на пад на полуларноста на партијата на Зелените, која со 4,5 отсто освоени гласови не успеа да влезе во локалниот Парламент.
Овој изборен исход овозможува продолжување на сегашната голема коалиција меѓу демохристијаните и социјалдемократите.
Изборите во Сар се важен показател за расположените на избирачите во изборната година. Во мај се одржуваат избори во сојузните покраини Шлезвиг Холштајн и Северна Рајна Вестфалија, а кон крајот на септември и сојузни парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника