Македонија
9. јуни 2022 - 10:38

„Пасат“ се преврте на кров кај МАНУ

Автомобил се превртел ноќеска на булеварот Крсте Мисирков пред зградата на МАНУ. За среќа, нема повредени патници, а причинета е само материјална штета. Возачот Љ.Ч. (45) не е повреден, објави Независен.

Според МВР, утрово во 02.55 часот било пријавена сообраќајна незгода на булеварот Крсте Мисирков каде што патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистерски таблички изгубило контрола и се превртело.