-->
-->
Паскали: Изјавата на Рорабакер обид за дестабилизација на Македонија и Балканот
-->
Последната изјава на конгресменот Дејна Рорабакер дека Македонија не е држава и треба да биде поделена, е очаен обид на групата околу Џорџ Сорос, која сака дестабилизација на Балканот, изјави Умберто Паскали во интревју за Програмата Гласот на народот.
Паскали во својата анализа Рорабакер го смета за еден од најсилните гласноговорници на машинеријата за која, вели, е јасно дека функционира преку државни удари, финансиски грабежи, хаос и конфузија, а е финансирана од Сорос.
Американскиот аналитичар се осврнува и на делот од интервјуто на конгресменот за албанската телевизија „Визија Плус“ каде вели дека Македонија не е држава и дека постои таква поделба во државата што не е возможно во неа некогаш да се живее заедно.
- Кога вели поделба на нивната земја, гротескно збунетиот конгресмен Рорабакер всушност зборува за последиците од многуте години на жестоки обиди за дестабилизација промовирани и финансирани од страна на групата на Сорос, истакнува Паскали.
Паскали прашува дали ова сега е напад за поткопување на новата надворешна политика на претседателот Трамп, или начин, можеби зад ограниченото разбирање на конгресменот да се создаде голема геополитичка експлозија на Балканот, повторно притискајќи на „балканска" војна во која се сите против сите.
- Дали е ова начин да ја саботира новата надворешна политика на администрацијата на Трамп? Дали е ова начин да се создаде casus belli - провокации за војна, меѓу САД и Русија, како што сонувааат од неоконзервативци до либерал-империјалисти, кои од престолот ги симна самиот Трамп? Да не заборавиме дека за ваков план зборуваше рускиот министер за надворешни работи уште во мај 2015 година, посочува Паскали.
Во врска со изјавата на Рорабакер дека дел од Македонија треба да се приклучи кон Косово, а остатокот од државата да биде дел од Бугарија, Паскали посочува дека конгресменот очигледно заборавил како е создадено денешно Косово, со оглед на тоа што, вели, „терористите на ОНА и мафијата оттаму контролирале голем дел од трговијата со хероин во Европа“. Тој тврди дека Косово беше вештачки создадено преку насилство, тероризам, етничко чистење и воени злосторства.
Паскали бара да се отфрли, како што вели, обидот на мрежата на Сорос за дестабилизација и потсетува на зборовите на Лавров кој во 2015 година, наведува, јасно видел што се случува во Македонија.
- Настаните во Македонија се оркестрирани од надвор, а со намера да се обвини владата на Никола Груевски дека е нестручна и неспособна да одговори на нејзините обврски кон народот. Исто така тој е обвинет и за многу други работи. Вистинската причина поради која се вршеше притисок на македонскиот премиер е тоа што тој одбиваше да се приклучи на санкциите против Русија, рекол тогаш Лавров, потсетува Паскали.
Се тврди, додава тој, оти доказ за тоа се и обидите за влијание преку енергетските проекти, откако Македонија еднаш се изјасни за Јужен тек, па се притискало за Турски тек.
- Русија е алармирана дека со цел да се изврши притисок врз Владата на Република Македонија, е вклучен и албанскиот фактор, особено, а се шпекулира, дури и значајно за федерализација на Македонија, оценува Паскали во интервјуто за Програмата Гласот на народот повикувајќи се на изјавата на рускиот шеф на дипломатијата Лавров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот