Пасошка контрола на данско-шведската граница
Од денеска се воведени проверки на идентитетот на лицата кои патуваат за Шведска, како дел од мерките за намалување на миграцискиот бран.
Патниците трева да покажат пасош или друг валиден личен документ, за да им биде дозволено да се качат во возовите, фериботите и автобусите за Шведска.
Такви проверки меѓу двете држави немало од 50-тите години од минатиот век.
Шведската телевизија јави дека во првите седум часа од стапувањето во сила на мерката на данската станица Каструп биле запрени седум патници, меѓу кои четворица Авганистанци без лични карти. Тие биле вратени во централната станица во Копенхаген.
Шведската министерка за инфраструктута Ана Јохансон изјави дека знае за доцнењето на луѓето кои живеат од едната страна на границата, а работаат на другата страна, но оти мерките се неопходни.
Ново на Сител
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило
-
Како се избира нов папа и што всушност е конклава?
-
Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск