Пат со многу трња - приказната за Драгана Мирковиќ која малкумина ја знаат
Иако во нејзината кариера нема скандали Драгана Мирковиќ, нејзината пријателка проговори дека на почетокот на нејзината кариера, еден музички композитор се обидел да ја силува во хотелска соба.
Нејзината пријателка Верица Илиќ, била сведок на оваа случка. Верица е текстописец и новинар, која подоцна го напишала тоа во нејзината книга.
Таа во својата книга напишала детали за тогаш, 16- годишната Драгана и многу постариот композитор.
- Во тоа време правев спотови за естрадните ѕвезди и тогаш ја запознав и Драгана. Снимивме спот за нејзиниот прв албум, а договорот беше татко и да ја нози и да ја зима од знимање. Меѓутоа тој заврши во болница, опериран, па се договоривме Драгана да остане кај мене неколку дена- почнала Верица да опишува како всушност тие две се нашле во хотел.
- Приказната со композиторот започна кога го снимавме вториот албум на Драга, која како и за секое снимање престојуваше кај мена. Ние добивме покана даза вечера од познатиот композитор, но кога стигнавмедо ресторанот, беше затворен, па отидовме во хотел. Тој многу пиеше, но беше ѕвезда на вечерта, и секоја песна која ја правеше беше хит- раскажала Верица.
Таа се присетува и на ноќта кога едвај ја спасила Драгана од постариот колега кој се обидел да ја силува.
-Беше два по полноќ и требаше да си одиме а тој беше многу пијан а требаше да не вози. Драгана беше исплашена и седеше до мене, но тој ја викна да поразговара со неа, па јас и реков дека може да оди а јас ќе ја чекам пред врата, не ни претпоставував која му е намерата.Во еден момент слушнав врева, и пробав да влеза, знаев дека ја приморува на нешто што не сака, но вратата беше заклучена.Почнав силно да викам дека ќе ја искршам вратата, па тој ја отклучи а Драгана се стрча кон мене.Веднаш повикав такси за да не одведе до Белград. Таа беше многу вознемирена и цело време пробував да ја смирам, и ја убедив да молчи зошто во тоа време тоа можеше да штети на нејзината кариера, но сега ова го пишувам за да се знае какви луѓе има и ниој во такви да не гледа како на свој идол- заклучила Верица.
Ново на Сител
-
Маж уценувал и барал пари од вработен во адвокатска канцеларија
-
Кривична за гостиварец кој го нападнал својот татко
-
ЕУ апелира на воздржување од провокативна реторика и активности по вчерашната пресуда за Додик
-
УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов
-
Мицкоски : Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме
-
Кочински: Се очекува постепено намалување на активноста на вирусот на грип
-
Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол
-
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари