Свет
10. September 2016 - 21:20

Патнички авион на „Вестџет“ од Лондон за Едмонтон по тревога слета на Исланд

Патнички авион на канадската компанија „Вестџет“, кој полетал утринава од Лондон кон Едмонтон во Канада по два часа лет итно е пренасочен кон Исланд, откако пилотите упатиле сигнал за тревога. 

Според британските медиуми авион требало да слета во Едмонтон во еден часот по полноќ по канадско време. 

Авионот, според страниците за следење на летови, се насочил кон меѓународниот аеродром „Кефлавик“ на Исланд и таму слетал во попладневните часови.