-->
-->
Патничкиот воз од Скопје до Битола вчера патувал 10 часа
-->
– Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргнал во 14.30 часот во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.
Како што информираа за МИА од велешката Железничка станица, причина била расипана локомотива на товарен воз во близина на село Слепче, поради што пругата била блокирана. Расипаната локомотива била повлечена од друга во 21.50 часот, кога и патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.
Патниците од преполниот патнички воз со три вагони, вчера реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање на станицата во Богомила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор