Патник се обиде да упадне во пилотската кабина на авион на „Американ Ерлајнс“

Патнички авион на компанијата „Американ Ерлајнс“ во придружба на два ловици на американското Воено воздухопловство слета на аеродромот во Хонолулу, откако еден од патниците во леталото се обидел да упадне во пилотската кабина.
Како што соопшти Пацифичката команда на Вооружените сили на САД, авионот со 181 патник и шест членови на екипажот летал на релација од Лос Анџелес до Хонолулу.
Инцидентот се случил кога еден од патниците се обидел да влезе во полотската кабина, по што пилотите ја известиле контролата на летање и биле активирани двата ловци, кои го придружувале леталото до безбедното слетување на аеродромот во Хонолулу.
Патникот е 25-годишниот турски државјанин Анил Усканил, кој ги прекршил безбедносните правила уште на аеродромот во Лос Анџелес и бил парично казнет, по што му било дозволоено да се качи во авионот кон Хаваите.
Како што јавија американските медиуми, Усканил бил казнет затоа што отворил врата што водела кон забранетата зона на аеродромот во Лос Анџелес. При претресот, кај него бил пронајден алкохол, но според властите, тој не бил во алкохолизирана состојба.
По инцидентот тој бил парично казнет, но добил и пријава во врска со која ќе мора да се јави пред суд, по што му било дозволено да отпатува кон Хонолулу. Тој меѓутоа почнала да прави проблеми во авионот веднаш по полетувањето, по што на крајот се упатил и кон пилотската кабина, но бил совладан и врзан.
Ново на Сител
-

Уапсено лице од беровско, пронајдени се дрога, оружје, муниција и полициска униформа | ФОТО
-

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
-

Расположението во Русија се врти против Путин
-

Вучиќ: Можно е наскоро да поднесам оставка
-

Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
