Патот Демир Хисар – Крушево и Прилеп - Крушево тешко проодни
Патните правци Демир Хисар – Крушево и Прилеп - Крушево се тешко проодни за секаков вид на сообраќај.
Поради обилни врнежи од снег вечерва од 20.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Од 20.10 часот забрана беше воведена на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 19.45 на патот Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража и од 18.30 часот преку планинскиот превој Плетвар на патниот правец Кавадарци - Прилеп.
На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на кои има остатоци од кашест снег.
Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни и апелираат возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик