Патувачки фестивал на краток филм „Еуропанорама“
Кинотеката на Македонија од денеска до 21 март ќе биде домаќин на првиот фестивал „Еуропанорама – денови на европски филм“, кој ќе прикаже десетина кратки филмови.
„Еуропанорама“ ќе прикаже нови кратки филмови од Европа, со фокус и на нордиската кинематографија, од различни стилови и пристапи (анимирани, експериментални, фикциски и документарни) од млади филмски режисери.
Фестивалот вечер ќе почне во 19 часот со хрватскиот краток филм „Кокошката“ на режисерката Уна Гуњак. Влезот за сите проекции на тридневната „Еуропанорама“ е слободен.
На 22 и 23 март филмовите ќе се прикажуваат и во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар. „Еуропанорама“ е патувачки фестивал и досега ги посети Осло, Бејрут, Љубљана, Белград, Загреб, Грац, Рига, Копенхаген, Будимпешта. По гостувањето во Скопје и Гостивар, ќе продолжи во Минск, Подгорица, Трст…
Фестивалот се организира во соработка со Љубљанскиот интернационален фестивал на краток филм и „Transit Film Bazaar“.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори