Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Пратеникот Павле Богоевски претпладнево до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.
За Богоевски, кој е претседател на Комисијата, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција. Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка, но откако ќе гласа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Груевски.
Богоевски за МИА потврди дека веќе поднел оставка, без разлика дали на седницата која требаше веќе да започне само ќе се констатира оставката на Груевски или ќе се гласа за одземање на мандатот, како што предложи Комисијата. Тој за напладне најави прес-конференција во Собранието.
Инаку, почетокот на 102. собраниска седница доцни и како што најавија од Кабинетот на претседателот на Собранието, ќе започне во 12:30 часот. Одложувањето е поради средбата со чешкиот премиер. Се очекува, според информациите од Собранието, на седницата да биде констатирана оставката на Груевски, следејќи претходни примери на пратеници кои не биле лично на седница. За гласањето на Извештајот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на владејачкото мнозинство му е потребно двотретинско мнозинство, кое во моментов го нема.
Ново на Сител
-

Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако не помогне околу Иран
-

91 сообраќаен прекршок во Скопје, одземени мотоцикли, поднесени седум кривични пријави за безобѕирно управување
-

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел
-

Зеленски: Путин никогаш не сакал завршување на војната, потребен е поголем притисок врз Москва
-

Без струја делови од Карпош и Волково
-

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
